Официјално започнаа градежните активности на ИПА Проектот “Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Берово “

Вчера во Берово и официјалното започнаа градежните активности на еден од најголемите проекти кои ќе се реализираат на територијата на Општина Берово и Пехчево, преку ИПА програмата “Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Општина Берово “, финансиран од Европската Унија во вредност од 3.863.186,00 Евра. Свеченоста се доража на 12 октомври пред паркингот на средното училиште во Берово.

????????????????????????????????????

Со овој проект се предвидува Изградба и проширување на канализациона и атмосферска мрежа во градот Берово како и  изградба и проширување на канализационата мрежа во Пехчево, Чифлик, село Смојмирово, Владимирово, и Беровското Езеро.

Поконкретно проектот предвидува градежни работи на следниве локации:

  • Изградба на канализациона мрежа во Пехчево и Чифлик
  • Изградба на канализациона мрежа во населено место Смојмирово
  • Проширување на секундарната канализациона мрежа на Беровско Езеро
  • Изградба на главен колектор за канализациона мрежа во село Владимирово
  • Реконструкција на главниот колектор за фекална канализациона мрежа во градот Берово (лев и десен брег на река Брегалница)
  • Изградба на атмосферска канализациона мрежа во градот Берово (лев и десен брег на река Брегалница).kanalizatsiona-mrezha2

На свеченото отварање свое обраќање пред присутните имаа заменик министерот за Животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, Никола Бертолини – претставник од Делегацијата на Европската унија

Никола Бертолини

како и градоначалниците на Берово и Пехчево Драги Наџински и Игор Поповски.

????????????????????????????????????

Градежните активности за овој проект е планирано да завршат до август 2017 година.

Powered by keepvid themefull earn money