Денот на откровението кога СДСМ најави „чист воздух“ во Берово

Зошто мега проекти за чист воздух во Берово? Денот на откровението кога СДСМ најави „чист воздух“ во Берово. Изборната кампања е во полн ек и кандидатите ги претставуваат своите идеи и проекти. СДС во Берово го одржа изборниот митинг и беровчани останаа со прстот во уста. Проекти кои важат за Тетово, Куманово, Струга, Битола и т.н. да ти важеле за сите. Па добро бе луѓе и во Берово, каде што има најмногу кислород во воздух на балканот (воздушна бања) се појавивте со локален проект од ултра размери, со проект за живот и останавте живи. Но тоа е безидејноста и капацитетот на локалното водство и партиската врхушка. Да не е вистина, ќе биде смешно. Зошто?

Споралата се одм22051225_898219713673962_5959291934063918573_oотува, ништо чудно иста матрица исти калап. Освен партиските борци и симпатизери, дали некој друг се возбуди или воодушеви од идејата за ултра проектот што како бомба одекна во Берово и регионот наречен „чист воздух“. Дали животот во Берово ќе го почувствуваме ние ако ни речат дека ќе бидат отворени и транспарентни, одговорни, по мерка на граѓаните. 21762161_1853738891309475_5969416016181562649_n

Што можете да направите, што знаете, што смисливте, имате ли идеи или во ЕУ и НАТО со возот од Берово. Нели оваа се локални избори или ќе чекаме да ни раскажувате за нашиот живот.

Носителот на листата од плоштадот во Берово најави дека ќе ги поддржува сите проекти и активно ќе учествува во креирање на програмите. А каде беше тој и што правеше во изминатите 4 години како Претседател на Советот. Нели беше некоја власт или сега не му одговара. Слушнавте ли за некоја идеја за награди, признанија или избор за најдобар граѓанин во било кое поле (бизнис, образование, здравство, социјала и др). Ајде да се потсетиме дека капелата која беше предложена од граѓаните на форум во заедницата се уште е стопирана, патот во село Митрашинци не го поддржаа, осветлувањето на Беровско езеро го стопираа, патувањето на учениците за обука во Италија преку програми од ЕУ, црквата на езерото и ред друг проекти во интерес на граѓаните, за нивниот живот, за секоја секунда потрошена од животот на младите. А кога сме кај младите, што имате во програмата за Берово, дали ги вративте откако дојде животот? Што ќе поддржите, што знаете? Дали имате визија и идеи со конкретни проекти или се плашите да покажете дека сте апаратчици и партиски војнци, а пред се обични чиновници кои долго ја меркавте градоначалничката фотеља. 22046155_1880530698629618_3181502336632675469_nДали некој го интересира тоа што чистевте за по еден сендвич или пари за кампањата пред хотелот на вашите симпатизери кои патем и не гласаат во Берово. Толку ли помсливте дека сте различни од 2013 година што заедно со категоријата на полуписмени и исфрустрирани кадри ќе има живот во Берово. Празни ви се проектите, шуплива ви е програмата. Чистиот воздух во Берово го има во избилство, но дали имате две чисти да сватите и да признаете дека немате ништо со што ќе го подобрите животот на граѓаните.

Од уредникот.

21762161_1853738891309475_5969416016181562649_n22046155_1880530698629618_3181502336632675469_n22051225_898219713673962_5959291934063918573_o22051341_1988161571429939_6023466574592549653_oIMG_0268IMG_0271

Powered by keepvid themefull earn money