„Волстрит Журнал“: Обама ќе испрати дополнително 250 војници во Сирија

syria

Американскиот претседател Барак Обама планира да објави денеска дека ќе испрати во Сирија околу 250 војници заради интензивирање на борбата против Исламска држава, пишува весникот „Волстрит журнал. 

Весникот цитира американските официјални претставници, според кои на тој начин бројот на американските војници во Сирија ќе се зголеми од 50 на околу 300 лица.

Белата куќа не даде коментар на оваа информација.

Планот за дополнителни војници ќе биде објавен од Обама денеска во Хановер, јави ДПА.

Претседателот ја донел оваа одлука, откако неговите водечки воени советници и други претставници му посочиле дека тие дополнителни војници во Сирија ќе му овозожат на Пентагон да постигне уште поголем напредок кон реализирање на целта за уништување на ИД.

Една од главните задачи на дополнителните воени сили ќе биде да се обидат да привлечат повеќе сунитски Арапи кон борбата на курдските единици против ИД во североисточна Сирија.

Дополнителните војници исто така ќе помогнат и за прочистување на присуството на ИД од населените места во и околу бастионот на групацијата во Сирија, Рака, кои се населени претежно со Арапи. Тие исто така ќе помогнат за подготовка на теренот против офанзивата во Рака.

Меѓу нив ќе има членови на силите за специјални операции и логистички персонал.

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер минатата недела изјави дека САД ќе испратат дополнителни 217 војници во Ирак за да помогнат во борбата против ИД, со што бројот на американските војници во оваа земја ќе достигне 4087.

Powered by keepvid themefull earn money