„Лекари без граници“ ја продолжуваат својата спасувачка мисија во Либија

doktors-without-borders

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ вчера објави дека ја продолжува својата мисија за спасување на мигранти крај бреговите на Либија, спасувајќи 308 лица уште во првиот ден од продолжувањето на операцијата, јавува ДПА.

Меѓу мигрантите има 23 деца. Тие биле спасени првично од италијански брод, а потоа префрлени на бродот „Дигнити 1″, кој отпловил од Малта.

Повеќето од мигрантите се од Еритреја и ќе бидат одведени денеска во Сицилија.

Во наредните недели уште два брода на „Лекари без граници“ ќе почнат да патролираат во водите северно од Либија.

Хуманитарната организација ги прекина спасувачките операции во Либија поради малиот број на обиди за преминување преку морето за време на зимскиот период.

Организацијата „Лекари без граници“ ја спроведе првата спасувачка мисија во централниот дел на Средоземното Море од мај до декември 2015 година, спасувајќи 23.000 лица.

Во декември организацијата започна друга мисија за спасување на мигранти во морето меѓу бреговите на Турција и Грција.

Powered by keepvid themefull earn money