Барак Обама ја отфрли понудата од Северна Кореја за нуклеарните проби

obama

Американскиот претседател Барак Обама ја отфрли понудата од Северна Кореја, како услов за прекин на тамошните нуклеарните проби.

Во изјава за американските медиуми, Обама изјави дека САД „не го земаат за сериозен предлогот на Северна Кореја“. Тој им порача на властите во Пјонгјанг дека „треба да понудат повеќе од тоа што сега го нудат“.

Американското неприфаќање доаѓа по вчершната севернокорејска понуда, дека веднаш ќе бидат прекинати нуклеарните проби на Северот, доколку Американците ги запрат своите (редовни) воени вежби, на Југот, што се спроведуваат заедно со воените сили на Јужна Кореја.

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Ре Су Јонг, во едно исклучително ретко интервју, уште дадено за некои западни медиуми, ја изнесе ова понуда, опишувајќи ги сегашните нуклеарни проби во Северна Кореја како „одбранбени“.

– Нашето нуклеарно оружје е создадено за самоодбрана, па затоа, ако запрат воените вежби, би можеле да се обноват преговорите и да се намалат тензиите, рече министерот Су Јонг.

Понудата од Пјонгјанг и неприфаќањето од Вашингтон доаѓа по извршеното лансирање на севернокорејската балистичка ракета, извршено од подморница, крај источниот брег на земјата.

Аналитичарите во Сеул предвидуваат извршување на уште еден, пети по ред нуклеарен тест, во чест на одржувањето на Севернокорејската комунистичка партија, првиот што се организира по 1980 година.

Powered by keepvid themefull earn money