Младоста и неискуството го спречија Малеш кон успехот

Викендот на градскиот стадион Димитар Беровски во Берово пред многубројна публика во иделни временски условина и прекрасен терен се одигра интересен натпревар во рамки на 23 коло од Третата лига Исток помеѓу екипите на ОФК Малеш од Берово и ГФК Осогово од Кочани со резултат од 2:4 (1:3).

сл 1

Во првите десет минути домаќините играа како под конец.
Со многу додавања и надмоќност во играта, а на теренот имаше само еден тим. Тоа веднаш вроди со плод при што капитенот К. Аврамски по одличнот проигрување на Мишовски нанижа неколку противнички играчи и создаде прилика за ефектно да ја затресе мрежата на сино-жолтите од Кочани за водство на Малеш од 1:0 во 11 минута.

сл 4

сл 6

Борбата се разгоре и гостите сватија дека мора да заиграат на секој можен начин. Нивните искусни играчи извршија притисок и со неколку прекршоци кои ги направија бараа од судијата да досуди спротивно на што и во неколку наврати високо котираниот судија  отсвири смонителни ситуации и беше подпросечен. Во една таква игра гостите со долга топка го проиграа нивниот напаѓач кој падна во шеснаесетникот, а судијата без размислување покажа на белата точка што наиде на негодување од домашните играчи и публиката. Реализатор на пеналот во 22 минута беше Натков со што го изедначи резултатот на 1:1. По само една минута (23 минута) домашните играчи сакајќи да постават офсајд замка дозволија на гостите преку Мојсовски со лоб удар по втор пат да ја затресе мрежата на Беровчани.
Овој шок силно ги раздрма малдите играчи на ОФК Малеш по што играта беше стабилизирана со ситни прекршоци и многу фаули на штета на домаќините. Во 40 минута Аксентиев зголеми на 1:3 со што се отиде на пауза.

сл 8сл 7

Во второто полувреме домашните играчи носени од публиката и чувството дека гостите не се подобриот тим, силно притиснаа и во 63 минута со брз продор на десното крило Арменски кој прекрасно го проигра нововлезениот И. Шонтевски а овој уште помајсторски ја смести топката во мрежата на гостите за 3:2. Гостите беа во шок од разновидната, динамична и прецизна игра на домаќините и се обидоа на секој начин да ги сопрат младите играчи на Малеш. Играта стана погруба откако Малеш имаше шанси уште во два наврата да ја затресе мрежата на Осогово и тоа по одличниот удар на В. Дујовски кога  гостинскиот голман Данев со со крајни напори и прекрасна интервенција го одбрани, а вториот по неколку врзани додавања убаво  беше проигран Аврамски но неговиот удар заврши само неколку сантиметри над пречката во гол-аут.

сл 5сл 9

Да издвоиме и неколку моменти кои допринесоа за непријатно чувство и наелектризирана атмосвера кога во 54 минута за да се спречи контрата на домаќините гостинскиот играч грубо го фаулираше Дујовски Васко со боречки удар и се создаде голема расправија помеѓу играчите од обете екипи која за среќа мошне бргу беше смирена.

Од играта на гостите и грубите фаули беа направени замени заради повреди со кои се здобија за време на натпреварот Владимир Дујовски и Ерол Пилов.

сл 14
За крај на резултатот и на новите три бодаза за „Осогово“ се погрижи стрелецот Тодоров, кој само по неколку минути поминати во игра биеше ниско по земја  во мрежата на домаќините.

Следниот натпревар Малеш го игра во Делчево на 15 април (сабота) со почеток од 16 часот и се очекува беровчани да ги поддржат и ногумина љубител на фудбалот од малешевијата.
Untitled

Powered by keepvid themefull earn money