Компанијата ЗЕГИН донира вредни награди за луѓето кои ќе го фатат крстот за Водици!

krst-1-640x381

Компанијата ЗЕГИН, во име на традиционалните христијански вредности на македонскиот народ, веќе 28 години донира бројни подароци по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

ЗЕГИН оваа година ќе донира преку 5,000 маички низ цела Македонија, а за секој учесник обезбедени се по една маичка и капа. За најсреќниот учесник кој ќе успее да го фати Богојавленскиот крст ќе  следува таблет уред,телевизор и бањарка.

Компанијата ЗЕГИН е докажано општествено одговорна компанија која постојано донира материјални и финансиски средства на многу општествени установи и на граѓани кои имаат потреба од помош.

krst--640x360

„Во минатото и денес, нашите хуманитарни активности покажуваат дека активно ги помагаме спортистите, хуманите луѓе, но и сите оние кои од нас побарале поддршка“, изјавуваат од Зегин компанијата.

ЗЕГИН е Ваша семејна аптека која се грижи за Вашето здравје и долговечност!

 

Powered by keepvid themefull earn money