Шарпланински саем за мед и пчелни производи во Јегуновце

med

Прв Шарпланински саем за мед и пчелни производи во организација на Инстутутот за развој на заедницата (ИРЗ) од Тетово се одржа денеска во Јегуновце. Според организаторите на саемот медот и другите пчелни производи ги претставиле петнаесеттина пчелари од шарпланинскиот регион, но и гости од други места како Кичево, Куманово и други места. Освен штандови за продажба на мед дел од активностите се одржа и трибина со претставници од Косово посветена на руралниот равој и прекуграничната соработкка.

– На трибината освен за заштита на производите и спецификите  на производство на медот беа опфатени теми за рурален развој и прекугранична соработка со Косово. Се надевам дека овој шарпалнински саем на медот ќе стане традиционална манифестација  изјави претседателот на ИРЗ Сретен Коцески.

Според претседателот на Сојузот на пчеларски здруженија во Македонија Менде Трајковски ваквите саеми и трибини ќе ги поттикнат младите да почнат свој бизнис за производство на здрава органска храна.

– Македонија располага со извонредни природни услови за производство и на класичен и на органски мед. Јас сум еден од првите тројца кога се донесе Законот за органско производство во 2005-та година што започна со вакво производсство и сметам дека најлесно е да се следат законските прописи за органско производство токму во оваа гранка производство на мед, рече Трајковски.

Шарпланиското поднебје изобилува со одлични природни предуслови за производството на органски мед и пчелни производи. Пчеларот Фуат Јакупи од Пирок произведува шумски, ливадски и багремов мед со потекло од Шар Планина.

– Има многу злоупотреба на медот и затоа потрошувачите треба да внимаваат бидејќи кога медот е кристализиран ако се загрее на 28 до 30 степени Целзиусови  ќе се врати во течна состојба и тое е показател дека станува збор за квалитетен мед, вели Јакупи.

Пчеларот Владимир Антовски од Жилче посочи дека производството на мед зависи од временските и температурните услови и оти климатски промени влијааат врз развојот на пчелните семејства и производството на медот односно од нив зависи какви се приносите.

Powered by keepvid themefull earn money