Благој Маханџиски-најдобар менаџер во агробизнисот!

Неделава се одржува 84. меѓународен Саем за земјоделство во Нови Сад, Србија.

Novi Sad

Секоја година на овој саем се организира вечер на шампиони. Овојпат таа се случи на 18 мај во Конгресниот центар „Мастер“ каде беа доделени врвни признанија на учесниците оценети по најдобар квалитет. Стручната комисија во која се вбројуваат угледни универзитетски професори од Србија и од странство, го вреднуваа квалитетот на производите. Се доделија 23 шампионски пехари, 16 признанија за најдобри во агробизнисот и титула на Апсолутен лидер на квалитет.

Основачот и сопственик на фармацевстката компанија Зегин и Винарија Лозар, Благој Механџиски го доби признанието „најдобар менаџер во агробизнисот“.

direktor

Механџиски важи за еден од најупорните и најпосветените бизнисмени и редовно постигнува огромни успеси за својата работа. Во текот на неговата дваесет и осум годишна работа ја основа фармацевтската компанија Зегин во Македонија, потоа се прошири во Србија и ја презема винаријата Лозар од која направи светски бренд!

Powered by keepvid themefull earn money