Привлекувањето на туристи – тема на семинар за туризам кој се одржа во Берово

На 19 септември во салата на Бизнис Инкубаторот во Берово, во рамките на проектот “Градење на инфраструктура за одржлив равој на туризмот“ се одржа семинар на тема “Предности и недостатоци на локалните туристички производи во Општина Берово и Општина Сандаски и можностите за нивен развој“.

БИБ туризам

На семинарот присуствуваа претставници од општина Берово, општина Сандански , претставници од хотели, ресторани , туристички агенции како и претставници од културни институции и истиот беше отворен од страна на градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински кој ја истакна важноста на реализацијата на овој проект како и важноста од развојот на туризмот како гранка кон која општина Берово цели во последните години.

 

Целта на одржувањето на семинарот беше да се дискутира за проблемите со кои се соочуваат туристичките капацитети, како до нивно решавање и подобрување со цел привлекување на повеќе туристи. Покрај тоа презентирана беше и софтверска алатка за промовирање на граничната област како туристичка дестинација.

БИБ 2

Powered by keepvid themefull earn money