Кандидатите за градоначалници на Берово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалници на Општина Берово на претстојните локални избори, денеска (24.09.2017 год.) во седиштето на Општинската изборна комисија во Бизнис инкубаторот во Берово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори, додека во исто време синхоронизирано на различни локации Кодексот го потпишаа и кандидатите за градоначалници во сите општини во Македонија.

kodeks 3

Учесниците во изборите за градоначалници и членови на советите на општините и град Скопје закажани за 15 октомври го потпишуваат Кодексот врз основа на член 8-в од Изборниот законик.

Со овој Кодекс учесниците на локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот и дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи на Македонија, кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.

Кодекс2

Во согласност со Изворниот законик, Општинската изборна комисија има потврдено две кандидатури за градоначалник на општина Берово и тоа Никола Атанасов – предложен од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Пекевски – предложен од коалицијата предводена од СДСМ, како и две кандидатски листи за советници од истите предлагачи.

Powered by keepvid themefull earn money