СДСМ:Преименување на плоштадот ДИМИТАР БЕРОВСКИ во Берово!

 

Вчера вечер СДСМ имаше митинг на ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД во Берово. И , покрај бројните киксови, фатални грешки и авто-голови на говорниците на СДСМ на бината поставена на градскиот плоштад Димитар Беровски воочливо беше и следното: 21762161_1853738891309475_5969416016181562649_n

Ова е летокот со кој  СДСМ го најавуваа и промовираа својот фамозен митинг. Дали тоа зборува дека вие „господа“ од СДСМ најавувајќи го местото на настанот со САМО градски плоштад, се срамите да го кажете вистинското име-плоштад Димитар Беровски?! (инаку именуван по гордоста на малешевци, деецот и организаторот на Разловечкото и Кресненското Востание и борец за независна Македонија) Дали тоа зборува и најавува дека вие предводници на СДСМ како се што сакате да прекрстите и да преименувате и плоштадот Димитар Беровски ќе сакате да се преименува?! Одговорот и не ни’ е потребен зошто вашите намери се веќе јасно видливи. Добро, па тоа и не е баш некое изненадување! Вие кои може да ја виткате кичмата и за циркуски претстави и за прашања свети за македонскиот народ како националниот идентитет, име и јазик, ќе ги почитувате делата на дејците и борците за денешната суверена и независна Република Македонија-апсурд!! Вие за кои Македонија не постои пред 1991 год, кои не признавате ни историја, ни традиција, ни вековност, ниту имате чувство за припадност и националност, кои склучувате секакви гнасни и подмолни договори и и’ плетете свилен гајтан околу вратот на оваа земја Македонија, треба да знаете само едно: Македонија е исконска, Македонија е од Бога создадена и нема залудно да бидат пролеани крвавите солзи на мајките кои ги загубиле своите чеда за мајката Македонија! Крвта на паднатите чеда ја горат и палат с’ржта на ова парче земја, под ова сино небо, под ова жолто сонце, за правдина, за борба за опстанок на народот кој повикува и моли кон Бога да не бидат залудни неговите жртви, да не угине името вековно!

И порака до вас, Бог ја чува Македонија, а народот ја брани! Така ќе биде и на 15ти Октомври кога народот ќе се сети на сите ваши „величенствени дела“ и ќе им каже едно големо НЕ на вашите планови за нашите домови, за нашето име, за иднината на нашите деца!

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!!!

Powered by keepvid themefull earn money