Локалните избори во Општина Берово низ годините од времето на повеќепартизмот

Првите локални избори на кои учествуваа повеќе партии во Општина Берово се одржаа кон крајот на 1990 година, неколку месеци пред распадот на СФР Југославија. На тие избори се избираа одборници, а не советници, како што е тоа денеска. Одборниците се собираа во Собрание на општината кое со мнозинство гласови од своите редови си избираше Претседател. Во тоа време претседателот (што е исто како што е сега градоначалникот) не беше професионалец и можеше истовремено да извршува повеќе функции. Повозрасните граѓани на Берово ќе се сетат дека едно време претседател на Собранието на Општина Берово, а во исто време и пратеник во собранието на Р.Македонија од партијата СДСМ, беше Митко Илиевски-,,Пуалото,, (сеуште вработен во општината на раководна функција). Митко ја водеше општината се до 1996 година, а помеѓу граѓанството беше познат и како ,,Трајче,, бидејќи во републичкиот парламент си ,,траеше,, и за 4 години мандат како пратеник се имаше јавено за збор само еднаш и тоа по грешка за точка од дневниот ред по која расправата завршила претходниот ден. Како ,,градоначалник,, е познат по тоа што го склучил договорот со ГП Пелагонија за изградба на водовод, за кој и по 20 години сметката сеуште не е платена, а општината по долгогодишен судски спор е блокирана оваа 2017 година за тој долг. Изградба на друго нешто во Берово од тоа време не ни е позната.

Во 1996 година се одржаа првите избори по нов закон според кој се избираше градоначалник и советници од предложените листи на партиите. На тие избори победата ја однесе Јован Таковски од СДСМ, тогашен директор на ГП Пелагонија-7-мо градилиште во Берово. И во тој период градоначалникот не беше професионалец, па така Јован истовремено извесен период ја водеше и општината и директоруваше со Пелагонија. Во тоа време се продолжи со изградбата на водоводот за селските населби (оној што сеуште не е платен) и се изгради денешната зграда на општината која исто така не беше платена, односно сметките за нејзното градење повторно спрема ГП Пелагонија ги плаќаше еден од следните градоначалници. Освен ова и за него е невозможно да се детектира што добро има направено за општината, па веројатно затоа на наредните избори во 2000 година не се осмели по втор пат да ја побара довербата од граѓаните на Берово.

Наместо Јован Таковски во 2000 година, СДСМ го кандидира тогаш актуелниот секретар на општината Драги Топаловски-,,Пивцето,, кој на дотогаш најнеизвесните избори успева да победи со само 3 гласа разлика пред својот кокурент од ВМРО-ДПМНЕ. Така ,,Пивцето,, стана третиот по ред градоначалник од СДСМ чиј што мандат поради некои измени во законот за локална самоуправа траеше до 2005 година. Во тој период освен тековни обврски: примање плата, полагање свежо цвеќе, културни манифестации од локален карактер-собиранки, репрезентации и плаќање на доспеани обврски, исто така е непознато што има направено дотичниот за подобрување на животот на граѓаните во општината. Веројатно затоа и тој и неговата партија не се осмелија на следните избори повторно да ја побараат довербата од истите.

Така, на следните избори во 2005 година СДСМ за свој кандидат го предлага докторот Венко Пашалиски. Кој? Венко бил кандидат за градоначалник на Берово?-ме прашува зачудено еден сограѓанин. Не само што беше кандидат, туку и стана градоначалник на Берово-му велам, ти изгледа си ги преспал тие четири години од 2005 до 2009 година. Абе, јас може сум ги преспал, ама он изгледа ептен се успал, штом неможам да се сетам дека ни бил градоначалник-ми вели човеков. Што да ви кажам-му велам не си единствен, веројатно никој не се сеќава освен оние што работеле во општината во неговото време (како сегашниот кандидат Звонко Пекевски) и ги извршувале неговите наредби. На една седенка на која бистревме политика некој ме потсети: Во негово време го рекунструираа ,,Старие суд,,. Друг се замеша: да бе имаше некоја афера за некои земени пари и купени нови автомобили од лица блиски до него. Се на се невредно е да се споменува, мандат од 4 години неповратно удавен во ,,Кладенче,, за граѓаните на општина Берово.

Така се сменија четири градоначалници на Берово од СДСМ до 2009 година и ниту еднаш оваа партија не собра храброст некој од нив да го предложи за втор мандат да продолжи и доврши некој започнат проект. Сите ,,изгореа,, со по само еден мандат, без чист образ повторно да се појават пред граѓаните и да побараат доверба. Освен нивните неуспешни мандати, заедничко за сите нив (освен Пашалиски) е што се ,,задомија,, во општината или во општинските претпријатија, а некои од нив сеуште ,,клатат врата, а примаат плата,, и се надеваат дека ќе победи кандидатот од нивната партија за да можат да продолжат да си ,,уживаат,, како и до сега на грбот на граѓаните.

Конечно, на изборите во 2009 година за првпат откако се воспостави повеќепартизмот на локалните избори во Берово победи кандидатот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот градоначалник Драги Наџински. На овие избори СДСМ за свој кандидат повторно предложи ново лице, Антонио Двојаковски, без завршено високо образование, веројатно од причина што во претходните изборни циклуси брзо ги потроши сите свои високо образовани кадри. Со сите свои доблести и маани од градоначалникот Наџински после успешниот четири годишен мандат во 2013 година, за прв пат беровчани дочекаа актуелен градоначалник да се кандидира за втор мандат и истиот да биде оценет на избори за своето работење. И го оценија, позитивно, затоа што беше успешен градоначалник, граѓаните на општина Берово му дадоа втор мандат кој сеуште трае. Зошто му го дадоа? Затоа што и покрај тоа што многумина се обидуваат да ја оцрнат неговата личност, никој неможе да даде сериозно обвинување за неговото работење како градоначалник и во двата мандати. Во неговите мандати Берово комплетно го промени својот лик, а благодарение на кампањите кои ги водеше владата на ВМРО-ДПМНЕ се најде на мапата на туристички центри во Македонија и тоа веднаш по Охрид и Скопје.

ezero-600x400За Берово како туристичко место, реално гледано порано никој и не знаеше. Се сеќава ли некој на главната улица во Берово пред доаѓањето на Наџински, на плоштадот, на влезот на Берово кај бензинската, на улиците и тротоарите низ градот, на дел од градскиот кеј, на тоа каква беше инфраструктурата низ селските населби.

325426-berovo-i-francuski-livero-gi-spoi-sirenjeto-kje-go-razvivaat-i-turizmotНикој неможе овие достигнувања кои се реално видливи да ги порекне. Тука се и уште милион ситни работи како што се: ограда на основното училиште, реконструкција на градинка, изградба на градска капела, кружен тек, спортска сала, реконструкција на стадионот итн. Огромниот проект кој во моментов сеуште се реализира и е видлив низ целиот град. Иако некого во моментов можеби го нервираат прекопаните улици, придобивката која ја добива Берово на долгорочен план е непроценлива. Тоа ќе го осетиме во иднина.

Кеј Брегалница На последните локални избори од 2013 година против кандидат на Драги Наџински од партијата СДСМ му беше Звонко Пекевски кој и на овие избори во 2017 година повторно се кандидира за градоначалник. На тие избори државниот службеник во секторот за финансии при општина Берово, Пекевски беше ,,прегазен,, од Наџински со околу 600 гласови разлика, што е најголем пораз на некој кандидат од СДСМ во Берово во историјата. Оттука непознато ни е зошто оваа сега владејчка партија на централно ниво се реши да кандидира ,,губитник,, за градоначалник, ако се има во предвид дека оној што еднаш изгубил, наредниот пат може да изгуби само со уште поголема разлика. Народот не сака губитници, народот сака победници, сака способни и динамични луѓе кои создаваат нешто и самите во животот, а не постојано да бидат на платниот список на општината, во време на неколку градоначалници изминативе петнаесетина години, без притоа да имаат ниту малку одговорност за политиките кои се воделе. Сакате примери дека кој еднаш изгубил, секогаш понатаму губи? Еве ви. Локално, Славе Сирачевски во 1994 година за малку ќе победеше во вториот круг како независен кандидат после бојкотот на изборите од ВМРО-ДПМНЕ. Веќе во 1996 година истиот веројатно заслепен од резултатот во 94-тата се кандидира за Градоначалник. Доби околу 120 гласови и беше последно пласиран од околу десетина кандидати. Истата 1996 година, покојниот Александар Ѓердовски од СП беше второ пласиран со одличен резултат, тогаш дури и со повеќе гласови од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за веќе после само две години во 1998 година, тогаш засилен во коалиција со СДСМ да изгуби катастрофално на парламентарните избори од кандидатката на ВМРО, Д-р. Диспина Марковска. Еднаш губитник-секогаш губитник. Не ми верувате? Еве тогаш одиме на државно ниво. Во Велес Аце Коцевски како актуелен градоначалник губи на избори, оттогаш се кандидира уште два пати и се разбира губи и тоа секој пат се поубедливо. Слушам се кандидирал и оваа година. Погодувате. Ќе изгуби и по трет пат, бидејќи ,,еднаш губитник е секогаш губитник,, Сеуште не ми верувате? Хилари Клинтон. Сите ја знете. 2008 година на конвенцијата на својата партија изгуби од подоцнежниот претседател на САД Барак Обама. Лани во 2016 година ја доби номинацијата од партијата, ама изгуби на претседателските избори во САД од актуелниот претседател Доналд Трамп. Затоа што роден губитник неможе да прерасне во победник. Сакате уште примери? Има многумина на балканската и светската политичка сцена на кои ,,ум не им доаѓа од еднаш,,. Србија: Шешељ, Борис Тадиќ, Чеда Јовановиќ. Франција: Ле Пен. Бранко Црвенковски, ќе го заборавев, кутриот од 2004 година кога стана претседател, во годините што следеа постојано губеше. На крајот самиот си се тргна, му дојде паметот.

Затоа Берово на овие локални избори има лесна задача. Нема потреба од експерименти со истрошени кадри од партија која ги нуди само за по еден мандат. Однапред, таков градоначалник избран по предлог на СДСМ плус еднаш губитник се знае каков ќе биде, нема потреба да проверуваме. Никој во Берово не сака уште еден наследник на ,,Пуалото,, на Таковски, на ,,Пивцето,, или недај е на ,,заспаниот,, Пашалиски. На Берово му треба младост, успешност, енергија за нови предизвици, ново лице кое потекнува од обичниот народ, кое ќе продолжи со развојот на Берово. Беровчани на овие избори за среќа имаат таков кандидат, Никола Атанасов, предложен од ВМРО-ДПМНЕ е кандидатот кој ќе го внесе Берово во новата ера и ќе придонесе за подобро утре на секој негов жител.

На 15-ти Октомври, Берово ќе го избере бројот 13 пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Атанасов, затоа што со тоа ќе добие ,,Секогаш работа-секогаш Македонија,,.

Powered by keepvid themefull earn money